Бидејќи одам по ред следно ќе го спомнам она што јас го ставам на скалпот па по должината на косата за опоравување, раст на косата и за да спречам опаѓање.
• Шампон за раст на косата :
( Пред да го напишам рецептот кој го најдов и го употребувам мора да кажам дека користам и други шампони со добар состав и дека не го користам овој постојано и дека доколку преферирате да купите шампон, купете без сулфати, парабени, силикони...
Добри шампони од овој тип се бебешките шампони, а ако сакате друг - читајте состав! )
750мл шампон од коприва
30мл капки масло од коприва
1 шишенце АД капки на водена база
100мл пантенол раствор
• Ексфолијација на скалп
Најпрво користев механички ексфолијатор од Kerastase од Еликсир парфемерија, но цената му е навистина многу висока, а е одличен производ!
Но, наидов на многу подобра опција - хемиски ексфолијатор - кој се измива многу полесно од механичкиот.
Го користам максимум двапати во недела и може да се најдат добри опции по интернет. Пред некое време излезе многу добар од inkeylist па кој може препорачувам да го проба.
Секако постои и друга опција која е навистина одлична и која јас ја користам :
Салицилна киселина 2% (пр. од Ревокс, достапна во дм) измешано со малку пантенол. Се става на сува коса пред миење. Тријте во скалпот како да правите пилинг, оставете 10 минути и измијте!
• Маска за коса / Регенератор
Тука можам да препорачам нешто од линијата на Pantene, затоа што и шампоните и маските им се одлични и многу ми ја опоравија косата. Исто така и Garnier Hair Food маските се одлични, ги ротирам сите три : од макадамија, од папаја и од банана.
• Спреј за раст на косата:
Пантенол 100 мл,
Неколку капки глицерин
20 капки АД витамин
и едно шишенце масло од коприва или ампули од коприва
Измешајте се во шише- спреј
Јас го нанесувам во коренот, а по должината на косата чист пантенол спреј од истата линија од која ми е и пантенол растворот во рецептот и расчешлувам. НЕ СЕ ИЗМИВА.
После спрејот користам Pantene Repair & Protect суво масло со витамин Е leave in ... го ставам само на врвовите на косата. Може да користите какво сакате масло кое не е лепливо или капки за коса, а исто така често ставам и сквалин масло од Revox или Revuelle кое може да се најде во дм.
Овој спреј го ротирам со уште еден спреј, односно едно миење ставам од овој, едно од следниов.
Pantene Pro-V- miracles roots awakener со биотин, бамбус и кофеин.
Кофеинот помага при раст на косата. Сеуште го испробувам овој спреј и ќе споделам мислење, но засега навистина ми се допаѓа.
• Како нешто плус што јас правам е ... вечерта пред денот кога сакам да ја измијам косата ставам рицинусово масло и го масирам скалпот доволно долго за да пенетрира маслото, но со главата наведната затоа што крвта оди така кон главата и циркулацијата е тогаш посилна.